Терминот ,,specialty coffee” за прв пат го употребила Ерна Кнутсен во 1974 година во ,,Списанието за трговија на чај и кафе”. Кнутсен го користи овој термин за да ги дефинира зрната кафе со најдобар вкус кои се одгледувани во специјална микроклима. Според Здружението за кафе со врвен квалитет во САД, кафето со највисока оценка од 80 + на нивниот натпревар е вистинско врвно кафе. Тоа се одгледува во специјална и идеална климатска средина која ги елиминира сите потенцијални недостатоци во текот на производството и го надополнува ексклузивниот вкус и арома. Овие специфични карактеристики се резултат на специјалните состојки во почвата што се користи за одгледување на кафето. Сегментот на кафе со врвен квалитет (Specialty Coffee) е најпрогресивниот во индустријата за кафе денес. Во САД, на пример, пазарот пораснал од 1 % до 20 % во последните 25 години. За промоција и регулирање на индустријата, произведувачите, трговците и продавачите креирале посебни здруженија, најчесто во земјите кои произведуваат и консумираат кафе.

17јули
2020