Cup of Excellence е организација, основана од група на просветлени познавачи на кафе, кои соработуваат со меѓународни невладини организации што стојат зад идејата дека натпреварот од ваков ранг и онлајн аукција е ефективен начин да им се покаже на земјоделците дека нивната работа се цени, а нивниот труд не е залуден. Поради многуте земји произведувачи кои се придружиле на програмата, се создава и размена на корисно знаење преку што пораснале во едно големо семејство под името ,,Cup of Excellence”. Оваа награда е најзначајната награда во светот на произведувачите на кафе. Се доделува после строг натпревар, а целта е да се избере најдоброто од најдобрите, произведено во одредена земја во текот на годината. Различното кафе се оценува од различни специјалисти за кафе од земјата каде што се одржува натпреварот.

17јули
2020