Опис
Шолјата: Изразени ноти на карамела, со вкус на сушена цреша и рибизла (како во џем). Интензивна, жива киселост и овошна сладост. Фарма: Гитура Фабриката за кафе „Гитура“ е основана во 1980 година и со неа управува Кооперативата на одгледувачи на кафе „Ијего“ (Iyego Coffee Growers Cooperative Society – C.G.C.S.). Кооперативата опслужува 557 моментално активни земјоделци-членови, од кои повеќето одгледуваат кафе на површина од околу четвртина хектар. Земјоделците го носат кафето во форма на плод (цреша) истиот ден кога е набрано; во фабриката тоа се прима и се сортира, по што следува отстранување на пулпата и понатамошна обработка. По отстранувањето на пулпата, кафето ферментира потопено во вода во траење од 14 до 24 часа, по што се мие четири пати и се суши на метални маси за сушење во период од 6 до 15 дена.



