Rwanda Gicogi Bwho / Filter

800.00 ден

Име на Производот: Rwanda Gicogi Bwho
Тежина: 250 гр
Ознака: Црвена
Земја: Руанда
Процес: Natural
Вариетет на кафе: Bourbon
Вкус: Гуава, ванила, диња, суво манго & темно чоколадо
Остава вкус: Слатко
Тело: Средно
Тип Кафе: 100% Арабика
Потекло: Еден Производител
Надморска висина: 1700 meters
Најдобар процес: V-60, French press, Cold brew
Регион: Korongi, Nyamagabe, Gatsibo
Печење: Светло
Фарма: Co-op 6 different farms

Clear
SKU: N/A Category:

Опис

Интересно за ова кафе е тоа што всушност е нуспроизвод од 6 различни кафиња од источна и западна Руанда. Има навистина прекрасен вкус! Овошните ноти на гуава и диња на кафето Gicogi се измешани со ванила и темно чоколадо кои на крај оставаат чувство на фиџан полна со сладолед.
Како што наближува летото, така и нам ни се отвора апетитот за сладолед. Но секојдневното конзумирање на сладолед не е всушност многу здраво. Но за среќа, нашите пријатели од Руанда ни ги испратија нивните зрна кафе Gicogi и навистина е како топол сладолед сервиран во филџан! А особено пак ако ги подготвите како пенасто капучино. Gicogi започнува со овошните и летни вкусови на гуава и диња, надополнети со слатки ноти на ванила. Ќе забележите ноти на суво манго налик на бонбони како и мистериозна арома на темно чоколадо.
Со овој филџан кафе, ќе се почувствувате како да сте дете пред слаткарница облизувајќи се пред сладоледот: вашата возбуда расте, си ја оближувате устата и ништо на светов не е поважно од сладоледот. Еее, добрите стари времињa.

Дополнителни информации

Weight N/A
Мелено за:

Esspresо, Moka Pot, Зрно, Турско кафе, Филтерски постапки