Надморската височина има директно влијание на големината, обликот и вкусот на кафето кое го консумирате. Да сумираме накратко, кафето Арабика сака повисоки места за одгледување од 1800 до 6300 стапки каде што има поладна клима, додека Робуста кафето преферира пониски места од 600 до 2400 стапки и потопла клима. Во овие рангови, висината длабоко влијае на кафето. Таа има влијание на физичкиот аспект на зрното кафе. Следниот пат кога ќе имате можност да видите пакет со зелено кафе (кафе што не е печено), детално разгледајте ги зрната. Дали се мали и густо формирани? Дали пукнатината е затворена, отворена, права или цик-цак? Каква боја имаат – дали имаат боја на жад, се светло зелени или сини? Сите овие карактеристики се под влијание на висината на која се одгледува кафето. Најбараните зрна кафе се строго тврдите зрна (4500 стапки висина и погоре). Нивната текстура е многу густа како резултат на спориот раст кој се случува на голема висина. Тие треба да имаат затворена линија која може да биде во форма на цик-цак или благо закривена. Од друга страна пак, кафе кое што е одгледано на пониски места може да има поретка текстура и полу-отворена линија. Исто така, може да има и варијација во бојата затоа што видот на кафе и специфичниот процес имаат влијание врз истата. Истото кафе од различна фарма може да има различна зелена боја ако е обработено на различен начин: процес со користење мед наспроти процес со целосно измивање. Па така, густината на зрното кафе може најпрецизно да ја открие висината на која се одгледувало кафето.

17јули
2020