Дегустирањето на кафе е пракса на анализирање на вкусовите и аромите на свареното кафе. Ова е професионална практика која ја прават професионалци познати како ,,Q Graders” или оценувачи на квалитет на кафе. Здружението на кафе со врвен квалитет (The Specialty Coffee Association-SCA) организира годишен натпревар познат како Cup of Excellence  во земји што произведуваат кафе, па така на овој натпревар се собираат меѓународно признаени жири експерти кои со денови дегустираат различни видови кафе од локални производители и ги оценуваат со најмногу 100 поени. Specialty Coffee или кафе со врвен вкус е она што ќе добие повеќе од 84 поени. Стандардната дегустатурска процедура вклучува длабоко вдишување на кафето и потоа гласно сркање за да се рашири вкусот до задниот дел на јазикот. Дегустаторот пробува да измери различни аспекти од вкусот на кафето, специфичниот вкус (текстурата која се чувствува во уста, како на пр. масленоста), блажината, киселоста (како остро и опипливо чувство како кога ќе загризете портокал), вкусот (различните специфики во филџанот) и вкусот што останува. Бидејќи зрната кафе отелотворуваат различни вкусови од регионот каде што биле одгледувани, дегустаторите може да се обидат да го идентификуваат потеклото на кафето.

17јули
2020
Category: Uncategorized